Претседателот објави дека ќе потпише извршна одредба за зголемување на приходите на најниско платени федерални договорни работници
Планот на американскиот претседател Барак Обама за кревање на минималната плата за федерални договорни работници ја поставува основата за обновување на вашингтонската политичка борба во врска со тоа дали да се зголеми надницата за работниците со ниски примања во земјата.
Белата куќа во вторник соопшти дека Обама ќе потпише извршна наредба кревајќи го минимумот на владини федерални договорни работници од 7,25 долари на час на 10,10. Во 2012, владата кажа дека 16.000 федерални работници се платени на и под минималната плата, така што неговата наредба ќе се однесува на релативно мал број работници наредниве месеци кога владата ќе потпише нови договори со приватни работници.
Но пошироката дебата меѓу Обама, демократ во неговата шеста година како претседател, и неговите републикански противници во Конгресот, е дали да се зголеми минималната плата. Тоа би имало ефект на околу 3,6 милиони работници во САД кои се платени минимална или под минималната плата кога биле искалкулирани цифрите од пред две години.
Белата куќа вели дека зголемувањето на минималната надница ќе им помогне на градежните работници и на персоналот од воените бази кои мијат садови и перат облека. Со годишна плата од околу 21.000 долари, тоа ќе извади семејство од тројца над линијата на сиромаштија.