Миграцијата и глобалниот развој

Во Њујорк започнува специјална конференција на високо ниво на која домаќин е Генералното собрание на ОН.
Веќе подолго време, меѓународните мигранти беа поврзани со фразите како „одлевање на мозоците“, „баратели на азил“ и „крадци на работни места“. Бела Хови е одговорен за миграција при ОН, вели дека овие назнаки можно е да се однесуваат на одредени случаи, но за меѓународните мигранти има друга приказна.

„Тие инвестираат во бизниси, генерираат трговија. Кога ќе се вратат дома, нивните искуства и вештини може да бидат имплементирани во земјата од каде потекнуваат“, вели тој.

Хови се среќава со меѓународните агенции и граѓанските групи во обид да одреди како нешто што се сметаше за пречка во развојот, сега ќе биде поттик за развој.

„Она што навистина не` интересира е што земјите идентификуваат добра пракса и споделуваат информации“, вели овој експерт.

Информации за тоа како да се намалат трошоците за миграција, да се добијат бенефиции од давачките и попатно да се заштитат човековите права.

Годинава ОН проценија дека 232 милиона живеат во странство. Тоа е 3,2% од светското население. Давачките на мигрантите кои испраќаат пари во своите матични земји минатата година беа на ниво од 401 милијарди долари, според Институтот за миграциона политика. А тоа се само парите што можат да се следат.

Демографските трендови сугерираат дека Азија наголемо станува извор на такви уплати, но и ги прима.

Хови потенцира дека глобалниот развој не се однесува повеќе за САД и Европа.

Целта е намалување на тие давачки, со што луѓето ќе можат да трошат повеќе. Тогаш, велат експертите, на можностите им нема крај.

Тие предупредуваат дека развиените земји не треба да ги сметаат давачките како алтернатива на меѓународната помош. Луѓето ги ризикуваат своите животи и семејства за да ги заработат тие пари. Но, велат тие, штом светот ќе почне да размислува за овој аспект како за поттик за глобалниот развој, тогаш мигрантите може да почнат да ја добиваат почитта што ја заслужуваат.