Палестинската фракција Хамас вели дека постигнала договор со ривалот Фатах во врска со одлуката за политичкото помирување.
Лидерот на Фатах, Исмаил Ханијех, во денешно соопштение вели дека двете страни постигнале согласност по два дена преговори во Каиро. Тој најави дека деталите ќе бидат објавени подоцна во денот во главниот град на Египет.
Според новинските извештаи, договорот вклучува план за предавање на одговорноста за граничниот премин Рафах во Појасот Газа, на обединета влада. Договорот исто така вклучува повторно распоредување на 3.000 полицајци во Газа.
Спогодбата уследи по минатомесечната одлука на милитантната фракција Хамас да му дозволи на движењето Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас, да ја преземе повторно контролата врз Газа. Хамас управуваше со појасот и со неговите два милиони жители од 2007, по кусата граѓанска војна со Фатах.
Двете страни се договорија да формираат влада на единство во 2014, но Хамас продолжи со надзорот на Газа со своето административно тело.
Израел ја блокира Газа последнава деценија, и нивната граница со Египет исто така останува во голем дел затворена последниве години, оставајќи ја економијата на Газа да пропаѓа.