Your browser doesn’t support HTML5
Глас на Америка: Господине Мицкоски, премиерот Ковачевски изјави дека во Собранието се водат преговори со сите политички партии околу датумот за изборите. Се согласивте ли за нешто?
Христијан Мицкоски: До овој момент нема никаква официјална потврда за датумот за избори, ниту пак има било каква потврда дали изборите би биле единечни или би биле раздвоени. Не би рекол дека во рамките на парламентот има било какви разговори. Разговорите, како што гледаме, и самиот Ковачевски, но и Владата ги прави преку медиумите. Таму слушнавме дека изборите би биле редовни во мај, таму слушнавме дека изборите би биле заеднички,. Но како и да е, важно е на крајот да постигнеме било каков договор кој што ќе не води кон предвидливо сценарио, а нема да не втурне во било каква уставна или политичка криза. Така што, како ВМРО-ДПМНЕ, ние нашите принципи сме ги кажале многу пати во минатото дека не можеме да си дозволиме од многу причини раздвоени избори, дека споени или заеднички избори – претседателски или парламентарни – се решение. Добро е да се земе почетокот на мај како потенцијален оквир за постигнување решение. Гледам дека тука, односно слушам преку медиумите, дека отприлика тука конвергира ставот и на Владата. Ако има било каква лидерска средба, ...со ова решение, ние како ВМРО-ДПМНЕ сме подготвени да го прифатиме.
Глас на Америка: Со кого би коалицирале доколку ВМРО-ДПМНЕ не освои доволно пратеници за самостојно да формира влада?
Не би било одговорно и незрело би било од мене и од ВМРО-ДПМНЕ да ја затвори вратата за било кој политички субјект
Имавте изјава дека гледате кон Левица. Уште ли е тоа опција?
Христијан Мицкоски: Немав јас таква изјава, мојата изјава беше дека во политиката никогаш не се затвора вратата и тоа е секогаш принцип, не само во Македонија туку секаде во светот. Во политиката никогаш не вели никогаш. ... Не би било одговорно и незрело би било од мене и од ВМРО-ДПМНЕ да ја затвори вратата за било кој политички субјект. Впрочем вечерта некаде 20.30 или 21.00 часот точно ќе се знаат распоредот на силите во новиот состав на парламентот и ќе се наѕираат контурите на новата коалиција која што ќе ја предводи, се разбира, ВМРО-ДПМНЕ.
Глас на Америка: Што станува со т.н. „мајски договор"? Кого имате предвид за ваш албански партнер во владата?
Христијан Мицкоски: Не постои веќе таков договор. Тој договор го прекрши ДУИ. Кога го прекрши, ДУИ односно Демократската унија за интеграција, требаше да биде свесен како политички субјект дека кога еднашка зборот во политиката ќе го прекршите, тоа остава лош впечаток за
Би било здраво и добро и корисно за ДУИ да помине одреден период во опозиција
вас, но и остава лош впечаток за лидерството. Така што „мајскиот договор“ за мене, како договор не постои, а што се однесува до потенцијален коалиционен партнер, многу пати сум го кажал тоа, ќе го повторам еве и на денешното интервју дека треба да се даде шанса на албанската опозиција условно кажано во Македонија, да води ресори, да имаат одговорност во државата и да видиме со каков капацитет располага албанската, условно кажано, опозиција во Македонија, а ценам дека би било здраво и добро и корисно за ДУИ да помине одреден период во опозиција, да може да ги пронајде своите програмски начела. Бидејќи гледате, од партија која што беше, би рекол самонаречена зелена опција, таа се претвори во партија која што изобилува со најголем број новопечени милионери, па заврши денеска со повторно некаква националистичка национално-романтична, романтистичка реторика. Така што, ценам дека за да се пронајдат себе си и кадровски и програмски и структурно, добро е да поминат најмалку еден мандат во опозиција.
Глас на Америка: Можно е создавање на техничката влада пред изборите. Ако ВМРО-ДПМНЕ учествува во таква влада, што добивате со тоа?
Христијан Мицкоски: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ го кажав јавно, дека ние сме подготвени да интервенираме во Законот за влада и во Изборниот законик и да го избришеме делот каде што стои техничка влада. Јас се уште стојам на тој став и мислам дека со техничката влада не добива државата, напротив - губи, и можеби би ви делувало чудно што јас од позиција на опозиција ... подготвен сум да преговарам во свое име и од името на ВМРО-ДПМНЕ. Но тоа е став кој што како ВМРО-ДПМНЕ го донесовме, а јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ го рефлектирав во јавноста. Инаку, теоретски доколку се уште постои техничката влада и не се интервенира во Законот за влада и Изборниот законик, ВМРО-ДПМНЕ би номинирала свои членови на кабинетот во таа техничка влада, на техничкиот премиер во ресорите во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика и би имала свои заменици во Министерството за финансии, земјоделие и Министерството за информатичко општество и администрација.
Глас на Америка: Државниот секретар на Соединетите Држави оваа недела доаѓа во Скопје. Ќе се сретнете ли со Блинкен и за што би разговарале?
Христијан Мицкоски: Немам до сега потврда за можна, евентуална средба со државниот секретар Блинкен.
Глас на Америка: Борбата со корупцијата е важна за САД. Нивната црна листа неодамна беше проширена со лица блиски на вашата партија. Подготвени ли сте за разговор во таа насока?
Христијан Мицкоски: Апсолутно. И за мене борбата со корупцијата и
Политичарите да бидат политичари во коалиција со народот, а не во коалиција со криминални или полу-криминални структури
криминалот претставуваат врвен приоритет. Нормално е да за сопствената држава и сопственото општество малку повеќе се грижам од било која друга администрација од светот, вклучувајќи ја и американската. Ценам дека како човек во средни години и универзитетски професор, педагог и човек кој што ја предводи најголемата политичка партија, дека треба во резолутна борба да се вклучам со криминалот и корупцијата кој што, за жал, во изминативе шест години доживеаја пандемски размери. И ценам дека тоа претставува најголемиот проблем со кој што не може нашата Македонија да се развива онака како што би требало да се развива. Мораме тука да бидеме искрени и отворени, да ги погледнеме работите онакви какви што се. Често пати во јавноста имаме дебата за тоа какви реформи се потребни. Една реформа треба да се аплицира, а тоа е политичката реформа, политичката волја, да се стави крај на криминалот и корупцијата. Политичарите да бидат политичари во коалиција со народот, а не во коалиција со криминални или полу-криминални структури, без разлика дали се од подземјето или е бизнис-економскиот криминал. Ценам дека политичарите треба да бидат имуни на ваков тип на контакти и врски и треба да се посветат да истите тие луѓе кои што одлучиле да се занимаваат со криминал да бидат дел од резултанта борба која што идната влада на ВМРО-ДПМНЕ би ја водела, односно да се спречи било каков контакт со било какви криминални структури. Така што, да ја сумирам долгата приказна накратко: ценам дека мој личен интерес, но и интерес на државата, малку поголем од интересот на било кои други стратешки партнери и странски администрации, е да расчистиме еднаш засекогаш со криминалот и корумпираните политичари во Македонија.
Глас на Америка: Господине Мицкоски, еден од вашите приоритети е членство во ЕУ. Кој е вашиот пристап за решавање на проблемот со Бугарија?
Христијан Мицкоски: Проблемот со Бугарија, за жал го направија голем проблем владата на СДСМ и владите во Бугарија. Тој самиот во себе
Подготвен сум веднаш по формирањето на новата влада да седнам со бугарската влада и заеднички да бараме решение
содржи, би рекол, многу аномалии и многу недоречености. Многу пати во јавноста сме зборувале. Подготвен сум веднаш по формирањето на новата влада да седнам со бугарската влада и заеднички да бараме решение кое што би било решение достоинствено, решение кое што нема да има ниту победник, ниту губитник. Решение коешто претпоставувам е од заеднички интерес, а тоа е - Бугарија да има уште еден свој сосед кој што ќе биде земја-членка на Европската Унија, а Македонија да биде дел од европското семејство.
Глас на Америка: Индицирате дека сте за ревидирање на Преспанскиот договор и на Договорот за добрососедство со Бугарија. За крај на овој разговор, што ви пречи во овие документи?
Христијан Мицкоски: Па, непринципиелната политика, којашто, за жал, соседите ја водат континуирано кон Македонија, повеќе од три децении. Случајот со Бугарија кулминираше после злоупотребата на ветото во 2020 година односно во 2019-тата есента, кога се аплицираше тоа вето. Проблем којшто не постоеше до тој момент, којшто потоа поради внатрешни политички потреби на бугарските политичари некако се појави на површината. Ценам дека договорот којшто го постигнаа, условно кажано т.н. договор врз база на францускиот предлог, не е договор, не е решение, туку претставува дополнителен проблем. И затоа, мислам дека и во интерес на Бугарија, но, пред се и над се во интерес на Македонија, е да имаме еден пристоен договор, договор кој што ќе ги отвори поглавјата, а не дополнително да ги затвора. Договор кој што на брза трака ќе ја однесе Македонија до полноправно членство во Европската Унија, а нема да ја заглави во национално-романтични теми кои што припаѓаат на средниот век.