Мицкоски: Политички структури сакаат дестибилизација

Your browser doesn’t support HTML5

„Имаме политички структури и сили во државата кои за да го заштитат украденото ќе злоупотребуваат и ќе манипулираат со одредена група на луѓе за да предизвика етнички инцидент“, рече Мискоски. Автор: Владимир Мирчески

Премиерот тврди дека земјата се соочува со можност за дестабилизација во наредниот период. Таквата потенцијална ситуација Христијан Мицкоски ја поврзува со политички структури. Не презицира кои се тие, но во денешната изјава јасно укажува на структури од претходната власт.“

„Имаме политички структури и сили во државата кои за да го заштитат украденото ќе злоупотребуваат и ќе манипулираат со одредена група на луѓе за да предизвика етнички инцидент за да можат да го заштитат богатството и се она што крадеа изминативе седум години од граѓаните без разлика на нивната етничка припадност. Токму тоа е единствениот начин да магнетизираат публика за најавената дестабилизација или организирање протести коишто ги планираат оваа есен. Не смееме како граѓани тоа да го дозволиме и како Влада и како претседател на Владата апелирам до граѓаните да не наседнуваат на овие милионерски заговори. Погледнете ја зградата недалеку од овде, додека тие таму издаваат и милиони заработуваат го злоупотребуваат граѓанинот“, вели Мицкоски.