Мицкоски од Струга: Знам дека ќе се обидат да уценуваат

Your browser doesn’t support HTML5

По победата на ВМРО ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, од митингот во Струга рече дека македонските граѓани вчера покажале оти не сакаат да бидат под јаремот на стотина души на ДУИ со држава дадена на услуга на Ахмети. Aвтор: Мики Трајковски

По вчерашната победа на ВМРО ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, од митингот во Струга рече дека македонските граѓани вчера покажале оти не сакаат да бидат под јаремот на стотина души на ДУИ со држава дадена на услуга на Али Ахмети.

„Народот покажа дека е посилен од секое сценарио, од секоја шема направена од истите политичари, кои со години крадат и се богатат на грбот на сиромашниот и напатен народ. Изборите вчера беа одговор за тоа што ја одземаа контролата на државата, затоа што донесоа предавство, понижувања и криминалии“, рече тој.

И покрај големата победа, работата не е завршена. Финалето следи на 8 мај. Имаме противник кој нема да жали средства и методи за да си ги задржат фотељите, порача Мицкоски.