Мицкоски: Очекувам утре да го добијам мандатот од претседетлката Силјановска

Your browser doesn’t support HTML5

Се воведуваат четири нови министерства: за енергетика, рударство и минерални суровини,за дигитализација, за администрација и за спорт. Мицкоски најави и Колаицијата „Вреди“ ќе поднесе измени на законот за локална самоуправа.

Со законските измени новата Влада ќе има 20 наместо досегашните 16 министерства како и три министерства без ресор а кабинетот ќе брои вкупно 24 членови вклучувајќи го и мандатарот Мицкоски. Се воведуваат четири нови министерства: за енергетика, рударство и минерални суровини,за дигитализација, за администрација и за спорт. Мицкоски најави и Колаицијата „Вреди“ ќе поднесе измени на законот за локална самоуправа а потоа ќе следува укинување на техничката влада и законите кои го регулираат изборот на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.