Косово и Северна Македонија не веруваат дека етничките разлики, без да бидат поттикнати од одредени политички центри, можат да доведат до нови конфликти на Балканот.
Прашањето за регионалната стабилност во услови на нарушена безбедност во Европа поради руската агресија врз Украина, не беше посочено како една од главните теми на заедничката меѓувладина седница што денеска се одржа во Приштина, но сепак беше важно за медиумските екипи да побараат одговор од двајцата премиери Албин Курти и Христијан Мицкоски.
„Не верувам дека етничките разлики создаваат конфликти. Може да има политички центри кои со цел доминација, хегемонија, репресија ги користат етничките разлики, но тие самите како такви не создаваат конфликти. Низ целиот Балкан имаме различни етнички групи кои меѓусебно сорабтуваат и јас не верувам дека на нашиот Балкан има такви кои аспектот на етничките разлики би го довеле до конфликт. Може да има желби, но не верувам дека има концепти, како во 20 век, кои се користеа, особено од официјален Белград, за преку етнички разлики да се предизвикаат крвави војни во регионот кои имаа за цел создавање Голема Србија од таа се помала Југославија“, изјави албанскиот премиер Курти.
Мицкоски кажа:
„Етнички теми отвораат политичари кои немаат идеи, кои имаат недостаток од реални теми. Тоагш тие, не знаат као да привлечат внимание и преку политички егзебиционизам се решаваат да анимираат публика. Ние се тука да разговараме за енерегтски и економски прашања, за образование и соработка. Тоа е она што не поврзува“.
Your browser doesn’t support HTML5
Денешната заедничка меѓувладина седница, прва од ваков тип откако новата влада во Скопје стапи на должност, се случува во период на политички тензии во земјава меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската ДУИ.
Јавното праќање пораки се интензивира во пресрет на постапувањето на Уставниот суд за неколку членови од Законот за употреба на јазиците, нешто што партијата на Ахмети го смета за потенцијален удар врз „мултиетничноста на македонија“.
„Тие судии кои сега се дел од Уставниот суд се судии се избрани од мнозинството на ДУИ и на СДС: не знам, од каде впечатокот дека ние сме семоќи и ги контролираме другите политички партии. Тие судии беа избрани во време на власта на СДСМ и ДУИ. Зошто токму сега се актуелизира. Одговорот го дадовме претходно – сите оние политичари кои се темни сенки од минатото кои не можете да ги слушнете да зборуваат за реформа,образование, економија, единствената карта на кои ја темела својата деценска кариера беше криминал и коруцпија и етнички конфликти“, изјави Мицкоски.
„Во Северна Македонија нема закон за употреба на албанскиот јазик, туку закон за употреба на јазииците кои ги зборуваат 20 проценти од населението. Верувам дека сите треба да чекаме на една правична одлука на Уставниот суд кој нема да направи каква било дискриминација и кој го почитува мултијазичниот карактер на Македонија. Во Косово, 93 проценти од населението се Албанци, а само 4 се Срби, но српскиот јазик е службен јазик. Не може да се каже дека во Северна Македонија албанскиот јазик бил службен и сега е под закана, ова не е вистина“, кажа Курти.
Наспроти овие теми отворени на прес-конференцијата, главните прашања на денешната седница биле зајакнување на соработката, економијата, трговската размена, инфраструктурните проекти.
Потпишани се три протоколи – за енергетска соработка, за заеднички граничен премин, како и протокол во делот на образованието.