Мицкоски и Азески на иста линија, бизнисот и Владата партнери за развој на државата

Your browser doesn’t support HTML5

Како што најави премиерот Мицкоски компаниите на есен ќе го добијат делот од 250 милиони евра, а општините на почетокот на идната година. Владата најавува нови 100 милиони евра за бизнис секторот.

Парите од заемот од Унгарија за бизнис секторот прво ќе им бидат понудени на комерцијалните банки во државата, но доколку бараат дополнителни трошоци, ќе одат преку Македонската банка за обнова и развој (МБОР). Како што најави премиерот Мицкоски компаниите на есен ќе го добијат делот од 250 милиони евра, а општините на почетокот на идната година. Владата најавува нови 100 милиони евра за бизнис секторот. Кај оштините траншите ќе се префрлаат како што ќе бидат доставувани фактурите за капитални инвестиции. Премиерот Мицкоски и претседателот на Стопанската Комора Азески сакаат дијалог со Синдикатот околу недела неработен ден. Компаниите кои ги исполнуваат условите ќе добијат пари од заемот а не оние кои имаат синдикална организација потенцираше премиерот.