Aдвокатот за имиграциски прашања од Њујорк Мајкл Вајлдс (Michael Wildes), вели дека странските студенти, кои се соочуваат со можна депортација од САД, ќе бидат принудени да склучуваат брак, како еден од алтернативните начини да останат во државата.
Тој сета дека е неопходно да им се продолжат визите на студентите, независно дали програмата ќе се одвива само онлајн, откако минатата недела администрацијата на претседателот Доналд Трамп најави визни рестрикции за студeнтите, кои не мора лично да доаѓаат на универзитет за да ги следат часовите.
Вајлдс (Wildes), чиј татко, адвокатот Лион Вајлдс (Leon Wildes), го застапуваше Џон Ленон во неговата битка да се спаси од депоратција, вели дека ваквата мерка ќе им наштети не само на студентите, туку и на универзитетите и на економијата воопшто.
„Студентите купуваат млеко, јајца, плаќаат кирија... Ако треба да заминат тоа ќе влијае многу врз економијата на нивните заедници. Универзитетите, како Харвард, имаат илјадници странски студенти. Ќе направиме, парите наместо кај нив да завршат во туѓи школи, а потоа ќе треба да се натпреваруваме со талентите кои беа пред наша врата“, вели Вајлдс (Wildes) за Гласот на Америка.
Според него, ваквата мерка не ги штити американските работници, туку го загрозува здравјето на студентите за време на пандемија, и става дополнителен финансиски товар на универзитетите.
„Ова всушност придонесува универзитетите, за да ги одржат изворите на приходи, да прават компромиси со социјалното дистанцирање. Ќе ги соберат луѓето заедно, во време кога треба да се држи растојание“, рече тој, додавајќи:
„Страв ми е дека меѓународните студенти во Америка никогаш нема да ѝ простат на администрацијата“.
Место рестрикции, кои се политички мотивирани пред избори, вели тој, треба да се понуди гостопримство, во време кога овие студнети најмногу ѝ се потребни на државата.
„Клучно за нас е да ги имаме овие луѓе овде, особено оние кои се поврзани со медицината. Јас сум итен мидински техничар 27 години. Сфаќам дека кога има итна ситуација секој може да помогне“, вели Вајлдс (Wildes) нагласувајќи дека ова ќе биде особено важно при справување со пострауматскиот период по излегување од пандемијата.
Валјдс (Wildes), кој напиша книга за системот на имигацијата во САД, им порача на студентите:
„Не дозволувајте политичарите или Конгресот да ве обесхрабрат. Америка ќе има потреба од вас и вашите семејства, да ни помогнете да излеземе од оваа криза, независно од тоа што го гледате во Вашингтон“.
Портпаролот на Стејт департментот рече дека меѓународните студенти се добредојдени во САД.
„Многу странски студенти кои планирале да студираат оваа есен во САД може се `уште да имаат можност да го направат тоа. Одделот за домашна безбедност го најави планот за привремени модификации на неимигрантски визи за есенскиот семестар 2020. Тие ќе овозможат комбинација од лични и онлајн часови да се исполнат обврските за неимигрантски статус“, се вели во соопштението од Стејт департментот.
Претседателот Доналд Трамп, преку Твитер порака, побара училиштата и колеџите да се отворат што е можно побрзо.