Родителите на Меланија Трамп станаа државјани на САД

Родителите на првата дама на САД Меланија Трамп, станаа американски државјани.

Виктор и Амалија Кнавс положија заклетва за државјанство во Њујорк, а нивниот адвокат кажа дека за време на целиот процес, тие немале привилегиран статус.

Претседателот Доналд Трамп, на неколку наврати досега се изјасни против таканаречената семејна имиграција, при што член на семејството кое законски живее во САД, може да спонзорира друг член на тоа семејство кој сака да се пресели во државата.

Трамп истакна дека процесот им овозможува на потенцијалните терористи да влезат во САД.