Меланија замина на прво соло-патување

Првата дама на САД Меланија Трамп пристигна во Гана, на првата станица од нејзината турнеја низ Африка, работејќи на својата кауза „Биди најдобар“

Од Белата куќа информираат дека таа ќе ги посети и Малави, Кенија и Египет, при што ,,ќе се фокусира на мајчинството и грижата за новороденчињата во болниците, образованието на децата, длабоко вткаената култура и историја во секоја од африканските земји и на кој начин САД ја поддржуваат секоја од тие држави во напорите да се потпираат на сопствените ресурси.”

Благосостојбата на децата е фокусот на кампањата на Меланија Трамп ,,Биди најдобар” што започна оваа година.

Меланија Трамп ги следи стапките на останатите први дами кои го посетиле африканскиот континент. Хилари Клинтон, Лора Буш и Мишел Обама патуваа во Африка по неколку пати.

Според портпаролката на првата дама, Стефани Гришам, Меланија на патувањето нема да е придружена од синот Барон, кој останува дома со ангажман на учењето и фудбалот.