„Осум милијарди долари американска воена помош за Израел“, „Војната Израел-Хамас се шири на интернет“, „Заробен израелски генерал“, „Украина му обезбедува оружје на Хамас“.
Овие наслови споделени на социјалните мрежи и медиумите се лажни вести. Ваквиот наплив на ширење дезинформации доаѓа во време на израелско-палестинскиот конфликт кои создаваат конфузии кај читателите и креираат лажна перцепција за одредени појави.
„Од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас напливот на дезинформациите во однос за војната се зголеми и во Македонија и во земјите од Западен Балкан“, вели за Гласот на Америка на македонски, Горан Ризаов од Фондацијата Метаморфозис, под чија капа е Вистиномер – алатка за зголемување на отчетност и одговорност.
Сензационалистички наслови кои привлекуваат внимание, меѓутоа начинот на кој се користат тие видеа и фотографии е неетичкиГоран Ризаов, Метаморфозис
„Медиумите овде многу посветуваат внимание на овој конфликт, објавувајќи сензационалистички вести, видеа и фотографии од непроверени извори, и фотографии за коишто многу пати се покажува дека не се од сегашниот конфликт, туку дека се од порано. На тој начин причината поради која овде мејнстрим медиуми главно, објавуваат вакви вести, според мене, се економски. Тие би објавиле сè за да добијат клик повеќе. Објавуваат сензационалистички наслови кои привлекуваат внимание, меѓутоа, начинот на кој се користат тие видеа и фотографии е неетички“, вели Ризаов.
Но, тој предупредува на внимателност, бидејќи не секогаш причината за споделување на сензационалистички вести, видеа и фотографии е економска. Ризаов вели дека тоа се прави „и од други причини, и заради туркање на агендата на разни центри на моќ од земјата и од странство“.
Your browser doesn’t support HTML5
На платформата Вистиномер веќе се детектирани неколку лажни вести поврзани со израелско-палестинскиот конфликт. Една од нив, е и дезинфомацијата дека наводно администрацијата на Бајден давала воена помош за Хамас.