66 кинески компании добија забрана за продажба на медицински маски за лице во САД

Маските од овие компании не ги исполнуваат стандардите за заштита на лекарите и медицинските сестри од коронавирусот, велат експертите

Администрацијата на Трамп им забрани на 66 кинески компании да продаваат медицински маски за лице во САД поради, како што сметаат експертите, слаб квалитет.

Маските N95 се многу барани од страна на лекарите, медицинските сестри и болниците, бидејќи тие се далеку поефикасни од обичните хируршки маски или маските од текстил.

Тие мора да блокираат 95% од микроните, вклучувајќи го и коронавирусот во лабораториски услови.

САД започнаа да купуваат маски N95 од Кина минатиот месец, поради недостиг во САД


Администрацијата за храна и лекови соопшти во четвртокот дека маските произведени во Кина, наречени KN95 филтрираат 24% од честичките, додека една пратка маски блокираат само 1%.

ФДА соопшти дека со забраната се намалува бројот на кинески компании, овластени да обезбедат маски на американски медицински работници, од 80 на 14.

САД започнаа да купуваат маски N95 од Кина минатиот месец, поради недостиг во САД.

Исто така во четвртокот, ФДА соопшти дека испратила 42 предупредувачки писма до компании, кои наводно продаваат лажни, па дури и опасни третмани против КОВИД-19.

Додаваат дека откриле стотици лажни коронавирусни лекови, комплети за тестирање и опрема за заштита.