Најголем број затворени новинари за 15 години

Најголем број затворени новинари за 15 години

Група за права на медиумите вели дека бројот на новинари затворени во цел свет е на највисоко ниво за последните 15 години, при што Иран, Еритреа и Кина водат на листата.

Комисијата за заштита на новинарите објави извештај во четврток каде стои дека 179 писатели, уредници и фоторепортери, се затворени во светот заклучно со 1 декември, а за истиот период минатата година имало 34 притворања на новинари.

Групата со седиште во САД вели дека Иран ставил 42 новинари зад решетки, водејќи на листата на најголеми светски затворачи на новинари втора година по ред. По Иран следат Еритреа со 28, Кина со 24, Бурма со 12 и Виетнам со девет затворени новинари.

Во извештајот исто така стои дека бројот на затворени новинари на Блискиот исток и Северна Африка се зголемил за 50 проценти во текот на минатата година.

Групата вели дека задушувањето од страна на режимот во Сирија додало на цифрата со осуммина затворени новинари.

Комисијата за заштита на новинари вели дека новинарите се главно одведени во затвор по обвиненија за работа против државата, а веднаш потоа следат обвиненија за прекршување на правилата за цензура.

Групата вели дека последната цифра на затворени новинари не ги вклучува оние на кои се исчезнати или киднапирани од криминални банди или милитантни групи.