Илјадници луѓе, хомосексуалци и други, одржаа бдеење со свеќи во неколку големи градови низ Америка, откако вчера ноќта 50 луѓе беа убиени во најлошото масовно убиство во историјата на САД.
Дваесет и деветгодишниот Омар Матин, роден во Америка, со авганистанско потекло, пукал во ноќен клуб во Орландо, Флорида во саботата рано утрината. 53 луѓе беа повредени, некои од нив со сериозни повреди. Гостите во клубот биле претежно хомосексуалци.
Свеќи се палеа во Орландо, како и во Бостон, Чикаго, Њујорк, Сан Франциско и Вашингтон.
Во Менхетн, светилките на Емпајер стејт билдинг беа исклучени во сочувство на жртвите. Врвот на Светскиот трговски центар, близу до најголемиот терористички напад на американско тло, беше осветлен со боите на виножито, симболот на геј парадата.
Претседателот на САД Барак Обама нареди знамињата да се спуштат на половина копје, во сеќавање на жртвите, и изјави дека полицијата води истрага за нападот.
Обама рече дека ќе се вложат сите напори за да се дознае што го инспирирало убиецот, како и дали е поврзан со терористички групи.
Згрозен, претеседателот повторно и се обрати на нацијата од Белата куќа, велејќи дека е лесно некој да посегне по оружје, и да убие луѓе во училишта, цркви, кина и ноќни клубови.
„ Ние треба да одлучиме дали е тоа држава, каква што сакаме да бидеме“, рече Обама.
Министерот за одбрана на САД Ештон Картер, рече:
„Ако истаргата покаже дека ова е терористички акт, преземен или инспириран од Исламската држава, само ќе ја зацврсти нашата одлука да го победиме непријателот, да спречиме ширење на омразата, и да го одбраниме нашиот народ“, вели Картер.
Поранешната жена на Матин Ситора Јусуфи, изјави дека нејзиниот поранешен сопруг бил биполарна личност.
„Тој беше психички болен и нестабилен“, изјави таа пред новинарите во Колорадо.
Во две години брак, Јусуфи вели дека биле заедно само четири месеци оти ја малтретирал.
Група за права на хомосексуалците во Флорида отворила сметка за донации на gofundme.com да соберат пари за жртвите и за нивните семејства.
Организацијата за заштита на правата на хомсексуалците во Флорида изјави дека работи со „тим на адвокати и експерти“, кои обезбедиле пари собрани за жртви во други масовни убиства во САД, за да осигураат дека парите ќе бидат распределени исправно. Повеќе од милион долари биле собрани до утринава.
Полицијата во Орландо соопшти дека, само неколку минути пред затворање на клубот, Матин почнал да пука во ноќниот клуб Пулс со автоматско оружје, кое може да испука бројни куршуми во неколку секунди.
Во престрелка со полицијата во кулбот, Матин го загубил животот.