Вечерва се очекува центарот на ураганот Марија да помине над Мартиник и Доминика, движејќи се кон некои од областите кои претходно беа разурнати од ураганот Ирма.
Од Националниот центар за урагани, соопштија дека Марија има максимална брзина на ветрот од околу 150 километри на час, придвижувајќи се кон Заветрените Острови. Метеоролозите очекуваат невремето да добие на сила.
Се очекува утре да ги погоди Свети Кристофер и Невис и Монтсерат, додека движењето се следи за американските и британските Девствени Острови, како и Ангвила и Сент Мартин.
Се очекува Антигва и Барбуда да бидат зафатени од тропската бура која ја носи од Марија, откако претходно беа под директен удар од Ирма.
Од Ирма животот го загубија околу 60 лица на Карибите и најмалку уште 9 лица кога ја погоди Флорида.
Тропската депресија Ли се развива источно од ураганот Марија, но метеоролозите не очекуваат ова невреме да се приближи кон Карибите.
Постојат стравувања од поплави во одредени области во североисточниот дел на САД, кои можно е да бидат на удар на ураганот Хозе.