Светот низ фотографии

Полицајки чуваат стража додека антивладините демонстранти учествуваат на протестот организиран од групата „Жени за права“ на Меѓународниот ден на жената во близина на зградата на парламентот во Коломбо, Шри Ланка.

Жени карабинери го чекаат пристигнувањето на холандскиот премиер Марк Руте на средба со италијанскиот премиер Џорџија Мелони на Денот на жената во Рим, Италија.

Израелските активисти за правата на жените формираат човечки синџир долж плажата за да го одбележат Меѓународниот ден на жената и да протестираат против плановите на новата влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху за промена на судскиот систем во Тел Авив.

Жени протестираат додека го одбележат Меѓународниот ден на жената во Истанбул, Турција.
Демонстрантите држат натписи „Жени, живот, слобода“ на Вајтхол во центарот на Лондон додека демонстрираат против прогонот на жените во Иран.
Жени учествуваат на митинг за родова еднаквост и против насилството врз жените по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жената во Приштина, Косово.
Жена од Мексико со исцртана порака на лицето присуствува на митингот по повод Меѓународниот ден на жената 2023 година во Берлин, Германија.
Домородните жени од Ајмара пристигнуваат со чамци на езерото Титикака од островот Урос за маршот по повод Меѓународниот ден на жената во Пуно, Перу.
Јога во локален воз на Меѓународниот ден на жената во Мумбаи, Индија.
Вработените во градот ја подготвуваат инаугурацијата на скулптурата со наслов „Човечкото лице отсекогаш бил мојот голем пејсаж“ на француската уметница Натали Талек во Безансон, Франција.