Светот низ фотографии

Ракетата Фалкон 9 на Спејс Икс лансирана во вселенскиот центар Кенеди во Кејп Канаверал, Флорида.

Јуриј ја држи за рака својата бремена роднина Ана (27), откако таа беше спасена од станбена зграда која беше тешко оштетена од руски ракетен напад во Запорожје, Украина.

Медицински работник во заштитна опрема чека да спроведе тестови за ковид-19 за новинарите кои се пријавија да ја покриваат прес-конференцијата и отворањето на Политичката консултативна конференција на кинескиот народ  во хотел во Пекинг.

Демонстранти во Јоханесбург, Јужна Африка. Студентите протестираа, како што тврдат, поради недостиг на соодветна поддршка од универзитетот за недоставените студенти и за оние со неподмирени хонорари.

Деца играат на булеварот Сабана Гранде во Каракас, Венецуела, 1 март 2023 година.

Шума покриена со снег во близина на Хеспериа, Калифорнија, 1 март 2023 година.

Колекција есен/зима 2023-2024 година претставена во Париз, Франција.

Во Хонг Конг, Кина, опожарена е зграда.

Мост и песочни брегови на реката Лоара во Монжан-сур-Лоара, додека Франција се соочува со рекорден зимски сушен период.

Шатори во селото Кари се покриени со снег во Националниот парк Јосемит, Калифорнија, 28 февруари 2023 година.

Голема статуа на која е претставен јапонскиот современ уметник Јајои Кусама покажува четка за сликање кон седиштето на францускиот луксузен бренд Луј Витон во Париз, Франција.

03 март, 2023 година