Градоначалникот на општина Куманово и претседател на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, на својот Фејсбук профил информираше дека во посета на општината бил рускиот амбасадор во Северна Македонија, Сергеј Александрович Баздникин.
Димитриевски објави фотографија од средбата со Баздникин, а во описот на истата напиша:
„Денеска во протоколарна посета на Општина Куманово беше амбасадорот на Руската федерација Н. Е. Сергеј Александрович Баздникин.
На средбата разговаравме на повеќе актуелни теми со акцент на изучување на рускиот јазик во основните и средните училишта во Куманово“, стои во објавата на Фејсбук профилот на градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.