Македонецот, Игор Анастасов, кој живее и работи во градот, Аждот во Израел, за Глас на Америка на македонски, раскажува дека по синоќешниот напад на Иран на Израел, ситуацијата денес е мирна, но оти помеѓу населението постои страв и паника од понатамошна ескалација на настаните.
„Живеам во Аждот во Израел,а патувам во повеќе градови секојдневно. Ситуацијата вчера беше многу тешка и лоша. Сирени свиреа насекаде низ Израле. Имаше дожд од ракети, како што не сме виделе претходно. И прв пат од почетокот на војната сме известени сите на порака на телефоните мобилни, секундарно да се засолниме. Луѓето бегаа на сите страни и се засолнуваа. Иако се подготвени со намирници и психички се навикнати да живеат со вакви ситуации, сепак стравот беше поголем и паниката се осети. Повеќето кажаа дека ова не е Хамас, туку е Хезболах, односно Иран и псоериозно ја сфатија ситуацијата. Очекувам дека ќе биде лоша ситуацијата“, вели тој.
После нападот на Хамас минатиот октомври, поголемиот број на Македонци го напуштија Израел. Игор вели дека се останати неколкумина.