Мигрантите и бегалците ако се интегрираат може да имаат голем удел во заживување на економијата, коментира Едвард Џозеф, извршен директор на Институт за актуелни светски прашања и добар познавач на состојбите на Балканот. Вели дека треба да се поттикне поголема свест дека земјите од ЕУ треба да имаат поголем удел во справувањето и помошта со бранот на бегалци.
„Важно е да се задржи балансираниот пристап. Мигрантите не се само проблем туку може и да придонесат во општествата. Во Европа има намалувањето на стапката на наталитет, а миграцијата во САД покажа дека мигрантите од Јужна Америка се дополнителен импулс за домашната економија“, изјави Џозеф.
Според усвоените директиви од ЕУ, од 60.000 бегалци само неколку стотина се прифатени и релоцирани по земјите-членки. Тоа премногу бавно, коментира Лука Д`Алојо шеф на Мисијата на Меѓународната организација за миграција во САД.
„Потребна се итна хуманитарни чекори за оние кои им потребна најголема помош. Досега се отворени можности за мигрантите да стасаат до европските држави, но треба да се земат во предвид и долгорочните мерки како да им се помогне на бегалците кои се во државите кои први им понудиле азил, а каде немаат соодветна перспектива“.
Јосип Паро е амбасадор на Хрватска во САД. Тој изрази надеж дека Брисел нема да дозволи кризата со бегалците да се одрази врз и онака економски погодениот Балкан.
„Има голема свест во Брисел и меѓу земјите од ЕУ за ранливоста на економиите на Западниот Балкан и убеден сум дека Брисел нема да дозволи кризата со бегалците да се претвори во сериозна економска криза на Балканот“, вели Паро.
Регионален претставник на УНЦХР во Вашингтон Шели Петерсон ја нагласи важноста да му се помогне на секому, независно од статусот.
„За нас е важно да се почитуваат човековите права на секој поединец, независно дали бараат азил или не. И сакаме да потврдиме секој кој бара азил е идентификуван, и регистриран затоа што се соочуваме со почетокот на зима. Трагично е што има деца кои во зима немаат облека, тоа треба да го спречиме“, коментира вишиот претставник на УНЦХР во Вашингтон.