Претседателот Барак Обама ја потпиша мерката чија цел е креирање нови работни места за стимулирање на американската економија.
Во обраќање од Белата куќа, Обама рече дека мерката е неопходна, но „во никој случај доволна“.
Обама пофали неколкумината конгресни републиканци кои им се придружиле на мнозинството демократи во гласањето за мерката што вклучува милијарди долари во даночни олеснувања и програми за патишта.
Обама рече дека изминативе неколку години осум милиони лица останале без работа. Тој додаде дека економијата повторно расте и наскоро може да бидат отворени нови работни места, а не да се губат. Тој рече дека мерката има за цел да го забрзе процесот.
Некои републиканци велат дека мерката е креирана да им помогне на демократите за време на ноемвриските избори подоцна годинава и дека економијата нема да има голема полза.