Американскиот претседател Барак Обама го поздрави усвојувањето на законот за реформа на финансискиот систем на САД со коментар дека ќе обезбеди поголема финансиска сигурност за Американците и ќе ја поттикне одговорноста. Од американскиот народ никогаш повторно нема да биде побарано да ги плати грешките на Вол Стрит, рече претседателот.
Сенатот четвртокот со 60 гласови „за“ и 39 „против“ ја усвои долгоочекувата мерка за заострување на контролата во финансиската индустрија. Мерката претходно мина во Претставничкиот дом, а следнот чекор е потпис од претседателот, со што ќе стане закон.
Обама вели дека реформата претставува најголема промена во регулативата на финансискиот систем уште од Големата депресија во 1930-те.