Швајцарија – најконкурентна земја во светот

Швајцарија – најконкурентна земја во светот

САД Светскиот економски форум ги симна на петто место во светски рамки

Швајцарија и натаму е најконкурентна економија во светот, но Кина и други земји во развој се наметнуваат на глобалниот пазар, според ново рангирање што го направи Светскиот економски форум.

Овој форум јави дека Швајцарија има придобивка од добрата инструктура и финансиските пазари, но и од транспарентната влада.

САД паднаа на петтото место во рангирањето на светски рамки, додека Кина благо напредна стигнувајќи на 26-тото место. Извештајот на Светскиот економски форум дека напредните економии немале силен растеж во трката за профит и просперитет во изминатите седум години, додека главните земји во развој направиле пробив.

Авторите на извештајот велат дека американската економија е особено продуктивна, има добри универзитети, силни иновации и флексибилна работна сила. Но, тие исто така потенцираат дека високата стапка на задолженост и ниското ниво на доверба во политичките лидери е проблем за најголемата економија во светот.

Рангирањата на светско ниво се базирани врз достапните економски параметри заедно со анкетирање на повеќе од 14.000 бизнис лидери во 142 економии во светот.