Американската женска фудбалска репрезентација се подготвува за Светското првенство

Американската женска фудбалска репрезентација се подготвува за Светското првенство

Големи очекувања на Американките од Мундијалот во Германија, кој почнува во јуни

Шестото светско првенство во фудбал за жени почнува во јуни во Германија. Американската репрезентација го освои златниот медал на Олимписките игри во Пекинг во 2008-ма и е рангирана број еден во светот.

Кога се одржа првото Светско првенство во фудбал за жени во Кина во 1991-ва, САД беа доминантен тим. По четири години, на Светското првенство во Шведска, САД завршија на третото место. Повторно ја освоија титулата во 1999-та по изведувањето пенали и победата врз Кина.

Но, за време на изминатата деценија, женските фудбалски селекции направија голем исчекор напред и мундијалот во Германија следниот месец се очекува да донесе силна конкуренција.

Американскиот селектор Пиа Сундхага вели дека тоа е добро за развојот на овој спорот. Таа е поранешна фудбалерка од Шведска и беше ангажирана откако САД завршија на разочарувачкото трето место во Кина во 1997-ма. Таа рече дека донела различна филозофија во селекцијата, која и` помогнала да освои златен медал во 2008-ма:

„Самиот факт дека американската фудбалска федерација е доволно храбра да ангажира тренер од Шведска и да се обиде да го освои златниот медал и да внесе промени меѓу играчите. Сега говориме за промени. Ова е поинаков пат кон Германија“.

Сундхага рече дека се потребни повеќе промени затоа што Американците за малку избегнаа елиминирање во квалификации за Светскиот куп. Тие беа поразени до Мексико на регионалните квалификации со 2-1. Мораа да се намачат поразувајќи ја Италија со цел да обезбедат билет за Германија.

Таа вели дека било тешко да се изберат 21 играчи кои ќе ги претставуваат САД на меѓународниот турнир во Германија. 12 фудбалерки немаат искуство од Светско првенство. Само капитенот, Кристи Рампони, играше во селекцијата која го освои Светското првенство во 1999-та.

Главната ѕвезда во репрезентацијата Ејби Вамбах, која го пропушти Светското првенство на Олимписките игри во Пекинг поради скршена нога, се очекува да предводи во нападот.

„Нема да биде лесно. Ова ќе биде најтешко Светско првенство да се освои. Со нетрпение го очекувам почетокот. Ќе биде возбудлив турнир. Ќе биде потребна сила, среќа, вештина, голови, одбрана. Мора да се поседува се`, вели таа.

Американската репрезентација последна ги почнува подготвителните мечеви за Светското првенство во сабота во Колумбус, Охајо, против четврторангираната Јапонија. Со Јапонките ќе се соочат и на 18-ти мај во Кари, Северна Каролина, а со Мексико ќе играат на 5-ти јуни во Харисон, Њу Џерси.

Селекторката Сундхага вели иако тоа се пријателски средби, нудат шанса да се експериментира со играчите, а победата е приоритет:

„Натпреварите се важни. Говориме за освојување златен медал. Моето мото е да победиме на секој меч и да научиме од него, па да го сториме истото и на следниот натпревар.“, подвлекува селекторката.

За Светското првенство во Германија, кое почнува од 2-ри јуни, а завршува на 17-ти, САД се наоѓаат во групата Ц, со Северна Кореја, Колумбија и Шведска.