Вештерството како алтернатива на реалноста во време на криза во приватниот живот

Вештерството како алтернатива на реалноста во време на криза во приватниот живот

Авторот на Spellbound, Карен Палмер, вели дека сервисите за подобрување на животот во тие села може да помогне да им се отстрани длабоката верба и страв од вештерки.

Сезоната на Халовин или Ноќ на вештерките изобилува со вештерки, вампири и духови. Додека многу деца и возрасни со костими се маскираат како вештерки, нова книга ги потсетува читателите дека се` уште има луѓе во светот кои живеат во свет исполнет со магија. Во In Spellbound: Inside West Africa's Witch Camps, Карен Палмер хронолошки ги опишува нејзините обиди да ја истражи судбината на жена обвинета за вршење натприродни криминални дела, и објаснува зошто луѓето се свртуваат кон на магијата, иако ги плаши.

Повеќе од три илјади обвинети дека се вештерки, живеат во шест кампови за вештерки во Гана во супстандардни услови. Тие не се затворенички, но не можат да го напуштат местото. Новинарот Карен Палмер прв пат осознала за тие вештерки во егзил од извештај за глобалната состојба со човековите права во 2004-та. Пред три години, од љубопитност, заминала во еден од камповите во северна Гана да ја истражува сторијата:

„Посетивме еден од камповите, кој е 18-20 часа со автомобил од главниот град Акра. Бев мошне изненадена. Имав визија за вештерка од типот на Макбет, или оние што претставува Дизни. Но, наидов на мало и зафрлено село, каде повеќето од 200 жени носат наметки на глава и се оставени сами на себе.

Во следните две години, Палмер интервјуирала десетина жени со цел да научи како завршиле на ова место:

„Повеќето од нив велат „не знам зошто сум тука“. Една од од нив може да има и 80 години. Не помни од кога е тука, но веројатно околу 40-тина години. И` се случило едно утро да ја разбуди нејзиниот роднина да и` каже дека сонувал како се обидела да го задави. Тоа бил доволен доказ за нејзиниот брат да ја обвини дека е вештерка.“, вели авторката.

Во многу случаи, пророкот или шефот на кампот одлучува дали некој е виновен за вештерство:

„Двајцата, оној кој обвинува и жената која е обвинета доаѓаат кај него, и секој од нив со себе има кокошка. Обвинителот ќе го изнесе обвинението дека одредена жена се обидела да ја нападне и ќе и го пресечат гркланот на кокошката по што ќе ја фрлат во воздух. Во зависност како ќе падне на земја, зависи чија приказна ќе победи. Истото важи и за жената која се брани. Таа ќе рече: „Ако не сум виновна, дозволете и` на мојата кокошка да почине со клунот во воздух. Ако сум виновна, нека угине со клунот на земја“. Од тоа зависи и судбината на таа жена.

Во Spellbound, Палмер ги опишува условите во кампот за вештерки, како жените се злоставувани. Таа вели дека наликува на место за отпад за проблематични жени кои живеат во сиромаштија под будното око на локалниот шеф:

„Тој се нарекува Гамбарана. На него се гледа како на многу моќен волшебник. Тој може да одлучи дали една жена е вештерка или не. За времето додека престојував во кампот, тој многу ретко одлучи дека некоја жена е невина. Всушност, тој ги осудува да останат со него. Тој се грижи за нив, ако им треба нешто - одат кај него. Ги користи како робинки. Може да ги изнајми за на поле да жнеат, на пример. На тој начин, тие му ја плаќаат киријата“.

Додека повеќето обвинети вештерки кои ги интервјуирала Палмер рекле дека се невини, некои признале дека практикувале црна магија да повредат или заштитат други луѓе.

Интервјуирав една жена која кажа: „Да, сторив се` за што сум обвинета. Се обидов да го убијам тоа девојче“.

Откако завршив со неа, сретнав жена која рече дека е очајна да се откачи од вештерството. Потоа сретнав жена кој ми кажа дека навистина стравува за нејзините деца и семејство. Нејзиниот сопруг имал проблеми со пиењето. Ја понела овцата, малку облека и пари и заминала. Почнала да се занимава со вештерство.

Палмер подвлекува дека иако луѓето во Западна Африка стравуваат од вештерки и жестоко казнуваат жени за кои веруваат дека практикуваат вештерство, суеверието и натаму дел од секојдневието, особено во руралните области.

Во книгата, раскажува за Сајмон, социјален работник и неговата сопруга, со која сакал да има уште едно дете. Одлучиле да повикаат доктор за истерување вештерки, со цел да им помогне да зачнат бебе:

„Докторот заклал шест кокошки. На церемонијата се зборувало за Господ. На крајот, била заклана и последната кокошка и посипале крв на овца. На жена му на Сајмон и` било речено во следните три месеци да ја пие крвта и потоа ќе имаат женско бебе. По церемонијата, сите заминале во Црква“, вели Палмер.

Сопругата на Сајмон не забременила. Напротив, се разболела. Но, вакви инциденти, наведува Палмер, не ги одвраќаат селаните од длабоките убедувања во вештерство.

Авторот на Spellbound, Карен Палмер, вели дека сервисите за подобрување на животот во тие села може да помогне да им се отстрани длабоката верба и страв од вештерки. Кога ќе се случи тоа, вели таа, тогаш нема да има потреба да се обвинуваат недолжни жени да бидат испраќани во кампови за вештерки.