Серија торнада на Средниот Запад, загинаа најмалку пет лица

Your browser doesn’t support HTML5

Торнаро удри во средниот запад на САД

Најтешко погодена сојузната држава Илиноис
Најмалку пет лица загинаа во синоќешната серија торнада и грмотевици во пределот на американскиот Среден Запад.

Најтешко беше погодена сојузната држава Илиноис. Едно лице загина во гратчето Вашингтон, каде цели соседства беа срамнети со земја. Националната гарда на Илиноис таму испрати екипа која помага во потрага по преживеаните. Меѓу загинатите се и средовечни брат и сестра во местото Њу Минден. Нивниот дом бил целосно уништен во ударот на торнадото.

Невремето што се движеше со голема брзина предизвика и привремен прекин на сообраќајот на двата аеродрома во Чикаго, а за два часа беше одложен и почетокот на натпреварот во американски фудбал меѓу Чикаго и Балтимор.

Бесот на невремето го почувствуваа и соседните сојузни држави Висконсин, Мичиген, Индијана, Кентаки и Охајо, оставајќи десетици илјади жители без електрична енергија.