САД велат пакистански Талебан е зад њујоршкиот бомбашки заговор

САД велат пакистански Талебан е зад њујоршкиот бомбашки заговор

Претседателот Обама и неговиот главен советник против тероризам Џон Бренан, вели дека испрашувачите добиле информации од Шазад и дека ги следат во истрагата

Официјални лица од администрацијата на претседателот Обама велат дека пакистански Талебан стои зад обидот за бомбаши напад на Тајмс сквер.

Американскиот генерален правобранител Ерик Холдер вели дека нови докази покажуваат оти уапсениот Американец од пакистанско потекло не делувал сам.

„Имаме докази кои покажуваат дека пакистанскиот Талебан стои зад нападот“, рече Холдер.

Тој рече дека истрагата продолжува, но дека е јасно оти Фајсал Шахзад имал поддршка од групата, која, пак, има врски со Ал-Каида.

„Имаме докази дека тие помогнале, најверојатно со финансирање, и дека тој работел по нивни инструкции“, рече Холдер.

Американскиот генерален правобранител во интервју за емисијата „Оваа недела“ на Еј-Би-Си рече дека нема причини да се верува дека пакистанската влада знаела за заговорот, и подвлече дека пакистански официјални лица соработуваат со американската истрага:

„Во врска со истрагата за Шахзад, тие напредуваат агресивно и соработуваат со нас. Задоволни сме со нивната завршена работа“, изјави генералниот правобранител.

Шахзад беше уапсен минатиот понеделник, во време кога се обиде да ги напушти САД. Тој беше обвинет дека се обидел да активира автомобил-бомба на Тајмс сквер во една од најфрекфентните улици во Њујорк.

Првично, официјални лица од администрацијата на Обама ја исклучија идејата дека се инволвирани терористи од странство, но подоцна кажаа дека истрагата се развила.

Претседателот Обама и неговиот главен советник против тероризам Џон Бренан, вели дека испрашувачите добиле информации од Шазад и дека ги следат во истрагата.

„Работиме со нашите партнери меѓународно за подобро да разбереме за што се работи и што го навело да се обиде да изврши таков напад на Тајмс сквер“, кажа Бренан, додавајќи дека Шахад продолжува да соработува со властите. Заменикот советник за национална безбедност во Белата куќа рече дека се очекува истрагата да донесе повеќе информации следните денови, и дека истрагата се наоѓа во чувствителна фаза.

Бренан зборуваше на емисијата „Соочи се со нацијата“ на телевизискиот канал Си-Би-Ес.