Турската полиција приведе група ултранационалисти

Your browser doesn’t support HTML5

Напад врз американски морнари во Турција

Обвинети за вчерашниот снимен напад на тројца американски морнари

Турската полиција приведе група ултранационалисти, обвинети за нападот врз тројца американски морнари во Истанбул.

Турската младинска унија вчера објави видео-снимка од инцидентот. На неа, нејзините членови ги напаѓаат морнарите коишто што се во цивилна облека. Морнарите од бродот Ју-Ес-Ес Рос, што деновиве е прикотвен во Истанбул, успеаја да побегнат и неповредени да се вратат на него.

Американската амбасада го осуди нападот и го окарактерира како ужасен. Ју-Ес-Ес Рос денес треба да замине од Турција.