Благ растеж на американската економија

Благ растеж на американската економија

Растежот се должи на зголемената потрошувачка моќ, која се наоѓа на 2,6 процентна стапка – и претставува највисоко зголемување од 2006-та

Американската економија забележила благ пораст во третиот квартал од годината.

Во извештајот од Одделот за трговија се вели дека бруто-домашниот производ пораснал за два проценти во периодот меѓу јули и септември. Претходниот квартал регистрирал пораст од 1,7 проценти.

Растежот се должи на зголемената потрошувачка моќ, која се наоѓа на 2,6 процентна стапка – и претставува највисоко зголемување од 2006-та.

БДП е најпрецизен показател за економската активност на САД. Додека растежот е позитивен знак, благото зголемување веројатно нема да биде доволно за подобрување на високата стапка на невработеност во земјата, која се` уште стои на 9,6 проценти.

Главните економисти од Американската централна банка се среќаваат следната недела со цел да одлучат дали ќе преземат понатамошни мерки за стимулирање на економијата.