Кинеските медиуми со позитивен тон за вашингтонскиот дијалог

Кинеските медиуми со позитивен тон за вашингтонскиот дијалог

Медиумите во Пекинг за стратешкиот дијалог САД-Кина велат дека бил содржаен и продуктивен

Кинеските државни медиуми имаат генерално позитивен тон во извештаите од дводневниот стратешки и економски дијалот САД-Кина во Вашингтон.

Државната агенција Ксинхуа ги опиша разговорите како „содржајни и продуктивни“ и пренесе дека главна вест од средбите е дека се можни конструктивни резултати.

Ксинхуа ја цитираше американската државна секретарка Хилари Клинтон која рекла дека светските водечки економски сили градат меѓусебно разбирање и доверба преку дијалогот. Агенцијата објави дека ваквото гледиште е одраз и од погледот на кинескиот вицепремиер Ванг Кишан, кој зборувал за продлабочување на билатералните врски.

Од другите кинески весници, „Beijing Youth Daily“ напиша дека разговорите ќе „ мостови“ во билатералните врски. Весникот забележа како особено позитивен знак тоа што државната секретарка Хилари Клинтон и секретарот за финансии Тимоти Гајтнер користеле кинески идиоми за опишување на меѓусебните врски.