„Ова е најниско досега во руските разузнавачки методи во смисла на публицитет, објавување“, коментираше Стејт департментот
Стејт департментот го впери прстот кон Русија за протекување на навидум прислушкуван телефонски разговор за Украина, наводно меѓу двајца виши американски дипломати, а што содржи погрден коментар за Европската унија.
Снимката се најде на Јутјуб, а гласовите на неа наводно се на заменичката-државна секретарка Викторија Нуланд и американскиот амбасадор во Украина Џефри Пјат. Разговорот се однесува на меѓународните напори за решавање на украинската политичка криза, а гласот што наводно е на Нуланд, употребува вулгарен израз, сугерирајќи дека ставот на ЕУ треба да се игнорира.
Портпаролката на Стејт департментот синоќа коментираше:
„Ова е најниско досега во руските разузнавачки методи во смисла на публицитет, објавување. Во право сте, немам други независни детали за потеклото на снимката на Јутјуб. Очигледно, се случило синоќа, се работи за релативно нов материјал. Но, тие активно го промовираат, поставуваат, шират преку Твитер, и` ние посекако сметаме дека тоа е најниско досега“.
И Псаки, и портпаролот на Белата куќа Џеј Карни укажаа на порака на Твитер од советник на рускиот заменик-премиер Дмитри Рогозин, за кого Псаки рече дека бил првиот што ја промовирал снимката. Карни рече дека пораката на Твитер на рускиот официјален претставник, објавена седум часа пред снимката да го сврти вниманието на јавноста, „говори нешто за улогата на Русија“ во случајот.
Нуланд во Киев се сретна со украинскиот претседател Виктор Јанукович во време кога продолжуваат протестите во главниот град.
Псаки рече дека Нуланд ги контактирала нејзините колеги од ЕУ и се извинила.