Годишен извештај на Стејт департмент за почитување на религиозните слободи

Годишен извештај на Стејт департмент за почитување на религиозните слободи

Репресијата ги охрабрува екстремистите и секташкото насилство, предупреди државната секретарка Хилари Клинтон

Македонската влада генерално го почитува религиозните слободи, како според законот, така и во пракса, се вели во туку што објавениот извештај за состојбата со религиозните слободи на Стејт департментот во делот за Македонија.

Нема промени во статусот за почитување на религиозните слободи и права во изминатиот шестмесечен период, се вели во извештајот.

Извештајот на Стејт департментот констатира дека имплементацијата за регистрација на процедурите за религиозни организацијата е подобрена, иако, како што наведува некои групи имаат поплаки за политичко влијание врз процесот за нивно регистрирање.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон рече дека репресиите и кршењето на човековите права ширум светот ги „охрабрува екстремистите и го подгрева секташкото насилство“.

Клинтон говореше денеска во Вашингтон на излагањето на полугодишниот меѓународен извештај на Стејт департментот за почитување на религиозните права и слободи.

Таа го окарактеризира денешниот напад на непознат напаѓач врз шиитски верници во Ирак, и го нарече како полн со „омраза и бесмислен“ акт кој нема друга цел освен да го поткопа мирољубивото општество.

Во извештајот за религиозните слободи, САД ги оценуваат Бурма, Кина, Еритреја, Северна Кореја, Саудиска Арабија, Судан и Узбекистан како најголеми прекршители на религиозните слободи и права и важат како држави „за кои постои голема загриженост“.

Американската влада санкционираше шест од осум држави и ги означи како држави „за кои има голема загрижност “. Саудиска Арабија и Узбекистан се ослободени од тие санкции.

Извештајот на Стејт департментот ја истражуваше слободата на религиозно изразување во 198 држави и територии од јули до декември минатата година.