Астронаутите од американскиот спејс-шатл Атлантис се подготвуваат за нивната прва од предвидените три вселенски прошетки.
Американската вселенска агенција НАСА јави дека астронаутите Герет Рајсман и Стив Бовен ќе излезат од меѓународната вселенска станица за да инсталираат втора антена.
Тие исто така ќе додадат резервни делови на платформата и ќе ги олабават шрафовите од акумулаторот како подготовка за следните вселенски прошетки.
Се очекува вселенската прошетка да трае шест и пол часа.
Атлантис, која е во последна мисија пред пензионирање, пристигна на меѓународната вселенска станица во неделата.
Шест астронаути од спејс шатлот ќе минат една недела на вселенската станица. Екипажот исто така донесе батерии и делови за лабораторијата од руско производство, што ќе се користи за научни експерименти.
НАСА го користеше Атлантис 25 години и планира само уште две мисии со други спејс-шатли.