Соларниот авион го прелетa Пацификот

Солар импулс – авионот што без капка гориво е на прелетување на светот, слета во Хаваи

Швајцарскиот авион на сончева енергија слета во Хаваи, во лет со кој се постави рекорд откако го прелета Тихиот океан на најризичната маршрута од 35.000 километри околу светот - без капка гориво.

Пилотот на Солар Импулс 2, Андре Боршберг, го победи претходниот рекордер на соло-пилотирање, американскиот авантурист Стив Фосет.

Боршберг за време на летот користи паузи за спиење по 20 минути во кабината, додека леталото се наоѓа под команда на автопилот.

Авионот полета од Нагоја, Јапонија во понеделникот по едномесечна непланирана пауза на патешествието. Леталото беше пренасочено кон Нагоја поради лошото време на почетокот од јуни за време на неговата маршрута од Нанјинг кон источна Кина, кон Хаваите. Финална дестинација е Абу Даби.

Авионот е дело на двајца швајцарски научници, Боршберг и Бернард Пикард. Им биле потребни 12 години да го направат леталото.

Едноседот има распон на крила од 72-метри, што е повеќе од патнички Боинг 747. Тежи колку автомобил, а на крилата има 17.000 соларни ќелии кои апсорбираат сончева енергија со која се движи леталото.