САД го освоија Златниот куп

Your browser doesn’t support HTML5

САД го освоија Златниот куп

Подобри од Панама во финалето со 1:0
Со тесната победа над Панама од 1:0, фудбалската репрезентација на САД го освои Златниот куп.

Репрезентацијата предводена од селекторот Јирген Клинсман со победата во финалето ја продолжи серијата без пораз во последните 10 натпревари.

Решавачкиот погодок го постигна Брек Ши. Американските фудбалери доминираа во поголемиот дел на мечот.

Ова беше петто последователно финале за САД во Златниот куп. На селекторот Клинсман, ова му е прва титула во натпреварувањето.