Антибалистичкиот систем за пресретнување ќе биде во воздушната база Девеселу, близу границата со Бугарија.
Романија даде конечно одобрување за поставување на американски антибалистички систем за пресретнување на своја територија. Локацијата во Романија е дел од американскиот одбранбен, противракетен штит, на кој остро се противи Русија.
Во септември, Романија и САД склучија договор за изградба на локација за пресретнувачи во воздушната база Девеселу, што се наоѓа близу границата со Бугарија. Синоќа, пак, претседателот Трајан Башеску го парафираше договорот меѓу Романија и САД.
САД велат дека системот ќе овозможи побрз одговор на заканите од проектили со краток до среден дострел.