Најмалку 10.000 мртви и цели градови во урнатини е резултатот на еден од најсилните тајфуни воопшто забележани
Спасувачките екипи имаат тешкотиии да стасаат до најтешко погодените региони, каде се` уште нема храна и има проблеми со доставување на вода за пиење.
САД и неколку други држави испраќаат намирници и спасувачки персонал во регионот. Прва помош од САД и армиски персонал од Манила се упати за Таклобан, една од најтешко погодени области.
Доставувањето на помошта е отежнато поради немирите кои се појавија по улиците. Во хаотичната ситуација се ограбуваат продавници, не само за храна, туку и за телевизори, машини за перење и фрижидери.
Невремето брзо се движеше и во петокот го погоди островот Лејти, на исток. До неделата, филипинските власти јавија дека бројот на загнати е многу поголем и дека ќе расте. Претседателот Бенинјо Аквино објави вонредна состојба во поголемиот дел од регионот.
До понеделник, бурата почна да ја губи силата стасувајќи до Виетнам и сега е тропско невреме со пороен дожд.
Во најтешко погодениот град на Филипините, Таклобан со 220.000 жители, медиумите јавуваат за разурнати згради и мртви растурени насекаде. Најголем дел од областа нема комуникација.
Меѓународната група за помош Лекари без граници се подготви за испраќање десетици лица медицински персонал и логистички експерти во соседниот остров Себу следните денови, заедно со 200 тони медицинска опрема и друг вид на помош.