12 номинации за Оскар за „Говорот на кралот“

12 номинации за Оскар за „Говорот на кралот“

Вестернот „Вистинска смелост“ доби 10 номинации

„Говорот на кралот“ е филм со најмногу номинации за овогодиншните награди оскар - 12, вклучувајќи ги и оние за најдобра режија, домашен филм и главна машка машка улога за Колин Фирт.

Вестернот „Вистинска смелост“ доби 10 номинации.

Меѓу филмовите кои добија номинациии се и „Црниот лебед“, „Зачеток“, „Продавницата за играчки – трет дел“ и „Борец“.

Во трката за Оскар за најдобра женска улога се наметнаа Натали Портман како балерина во Црниот лебед и Анет Бенинг, мајка-лезбејка во филмот „Децата се во ред“.

Домаќинот на вечерта на доделувањето на престижните статуетки, Џејмс Франко, можеби и самиот ќе замине дома со Оскар в раце. Номиниран е за улогата во „127 часа“, филм за исконската волја на човекот – да преживее.

Како едно изненадување е и номинацијата на Хавиер Бардем за најдобар актер, за улога на татко на претсмртна постела во шпанската драма со наслов Битифул.