Обама: Нафтеното излевање ќе има значително економско влијание

Обама рече дека сака да се осигура нафтениот гигант Бритиш петролеум брзо и одговорно да возврати на барањата на луѓето

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека големото нафтено излевање во Мексиканскиот Залив ќе има „значително“ економско влијание.

Обама ова го изјави по средбата во Белата куќа на која адмиралот на Крајбрежната гарда Тед Ален, кој раководи со владиниот одговор на катастрофата, го информирал за најновите моменти.

Обама рече дека сака да се осигура нафтениот гигант Бритиш петролеум брзо и одговорно да возврати на барањата на луѓето кои пропатија економски поради нафтеното излевање. Обама сака и да осигура дека американското јужно крајбрежје целосно ќе се опорави од катастрофата што го окова животинскиот и растителниот свет во нафта и се заканува на рибарството и другите дејности во регионот.

Адмиралот Ален понеделникот изјави дека поклопецот поставен над подводниот извор успеал да собере 11.000 барели нафта во 24-часовен период.