Објавени добитниците на Нобеловата награда за физика

Објавени добитниците на Нобеловата награда за физика

Американскиот научник Сол Перлмутер ќе ја подели наградата од 1, 5 милиони долари со Адам Рајс и Австралиецот Брајан Шмит

Нобеловата награда за физика во 2011-та им е доделена на тројца американски научници за „откривањето на забрзаното ширење на вселената“ преку опсевација на експлодирањето на ѕвездите.

Американскиот научник Сол Перлмутер ќе ја подели наградата од 1, 5 милиони долари со Адам Рајс и Австралиецот Брајан Шмит.

Шведската кралска академија на науките соопшти дека откритието на астролозите „ помогнало да се осознае Вселената која досега во голема мерка била непозната во научните кругови“.

Во понеделникот, Нобелова нагда за медицина им беше врачена на Ралф Стајман, Брус Беутлер и Џулс Хофман за нивните откритија за поголемо разбирање на имунолошкиот систем, што може да води до лекување на ракот и други болести. Подоцна беше објавена веста дека Стајман починал во петокот по кусата битка со ракот на панкреасот.

Нобеловата фондација одржа вонреден состанок во понеделникот и донесе одлука дека наградата за достигнувања во областа на медицина постхумно ќе му бида врачена и на Стајман.