Московјани по традиција се собираат на Црвениот плоштад, а околу 250.000 лондончани на бреговите на Темза, каде Биг Бен ќе ги отчука првите моменти на 2011-та
Со собирања на отворено и огномети, светот ја дочекува новата 2011-та година.
Според временските зони, таа најпрвин пристигна во малата пацифичка земја Кирибати. Нов Зеланд ја пречека новата година со спектакуларен огномет во Окленд. И во Сиднеј, Австралија, 1,5 милиони луѓе се собраа да го проследат распрскувањето на петардите на небото. Огномети имаше и во Хонг Конг и Тајван. Московјани по традиција се собираат на Црвениот плоштад, а околу 250.000 лондончани на бреговите на Темза, каде Биг Бен ќе ги отчука првите моменти на 2011-та.