НБА: Хјустон и натаму во живот

Your browser doesn’t support HTML5

Намали на 3:1 против Оклахома во плејоф-фазата на натпреварувањето.
Хјустон со тесната победа од 105:103 против Оклахома синоќа избегна елиминација од плејоф-фазата на НБА, намалувајќи го резултатот на 3:1 во серијата „најдобар од седум“натпревари. Најпрецизниот на мечот дојде од редовите на поразените - Кевин Дурант имаше 38 поени.

Атланта беше подобра од Индијана со 102:91 и изедначи на 2:2. Бруклин со победата од 110:91 против Чикаго намали на 3:2. Нетс ги предводеше извонредниот Брук Лопез, кој мечот го заврши со 28 поени и 8 скока.

Вечерва играат Голден стејт вориорс – Денвер нагетс, и Мемфис гризлис – Лос Анџелес клиперс.