Избран од навивачите за натпреварот на „новаците“ и оние кои се веќе втора година во лигата
Уште првата сезона во НБА, македонскиот интернационалец Перо Антиќ се најде на списокот на „новаците“ и оние кои се веќе втора година во лигата, а кои ќе настапат на натпревар на почетокот на „ол-стар“ викендот во Њу Орлеанс. Мечот ќе се игра во сабота наутро, во 3 часот по македонско време.
Центарот на Атланта хоукс ќе настапи со другите „руки“ играчи што се истакнаа во досегашниот дел од сезоната, како Мајкл Картер Вилијамс од Филаделфија `76, Ентони Дејвис од Портланд треилблејзерс и Стивен Адамс од Оклахома тандерс.
Почетните „петорки“ ќе бидат познати непосредно пред мечот, а ќе бидат составени од играчите кои добиле најмногу гласови од навивачите.
Почетните „петорки“ ќе бидат познати непосредно пред мечот, а ќе бидат составени од играчите кои добиле најмногу гласови од навивачите.