НБА: Мајами потклекна во Вашингтон

Your browser doesn’t support HTML5

Вашингтон го изненади Мајами

Трет последователен пораз на актуелниот шампион
Екипата на Вашингтон визардс на домашен терен во распродадената сала Верајзон го совлада актуелниот шампион Мајами хит со 114:97. Домаќините уште во првата четвртина поведоа со 43:18 и задржаа предност до самиот крај на мечот. Најпрецизен кај домаќините беше Џон Вол со 25 поени, девет асистенции и пет скока.

Кај гостите, Крис Бош забележа 26, Леброн Џејмс 25, а Двејн Вејд само 8 поени.

Вашингтон целосно го надигра Мајами, и, иако во еден момент водството беше намалено на само 9, победата не беше загрозена. Екипата имаше шут од 54,7%, наспроти 44% на актуелниот шампион.

Ова е трет последователен пораз на Мајами. Последен пат вакво нешто се случи во октомври 2012-та.

Од денешните натпревари, екипата на македонскиот интернационалец Перо Антиќ, Атланта хоукс се среќава со Бруклин нетс.