Муслиманската популација – најбрзо растечка

Муслиманската популација – најбрзо растечка

Гoлем истражувачки институт во Вашингтон предвидува дека глобалната муслиманска популација ќе порасне за една третина во следните две децении – со значително зголемување на бројноста во Европа и во САД. Сепак, се очекува севкупната стапка на растеж да почне да забавува.

Извештајот под работен наслов “Иднината на глобалната муслиманска популација“ е изработен од почитуваниот Форум Пју за религија и јавен живот.

Истражувачите велат дека извештајот е синтеза на околу 1500 различни извори вклучувајќи национални пописи, здравствени и други истражувања. Тука Муслиман се смета оној што самиот така се идентификува, независно од други параметри.

Едно од главните показатели од истражувањето е дека се очекува муслиманската популација ширум светот да расте двојно повеќе од другите религиозни групи.

„Ако продолжи актуелниот тренд, Муслиманите ќе бидат 26,4 проценти од севкупната светска популација од 8,3 милијарди луѓе до 2030-та“, вели директорот на истражувањето Алан Куперман.

Два од главните фактори за ваквиот тренд се високата стапка на наталитет и таканаречениот „подем на младите“. Тоа се однесува на пропорционално големата популација на Муслимани, кои наскоро ќе влезат во возраст во која може да имаат наследници.

Сепак, Куперман вели дека актуелниот тренд на растежот забавува:

„Бројката на деца по глава на жена опаѓа, во земји како Индонезија и Бангладеш, каде се повеќе жени стекнуваат повисоко образование, истовремено растат трошоците на живот и се` повеќе лица се селат од рурални области во градови“, вели Купермен.

Во Америка, истражувањата покажуваат дека Муслиманите двојно ќе ја зголемат бројноста и ќе станат шест милиони во следните 20 години. Тоа ќе ги направи изедначени со актуелната популација на Евреи и Протестанти.

Извештајот на Пју покажа дека муслиманската популација во Европа се очекува да се зголеми за една третина и да изнесува 58 милиони лица.

Други места каде муслиманската популација бележи голем пораст е во Израел. Истражувачите велат дека нивната цифра е речиси двојно зголемена од 1990-та и се очекува да продолжи да расте од 18-те проценти од вкупната популација на 23 отсто до 2030-та. Аналитичарите потенцираат дека тоа е најголемо процентуално зголемување во една земја во светот.