Постои граница за времето и напорите доколку обете страни немаат волја да преземат конструктивни мерки
Американскиот државен секретар Џон Кери соопшти дека владата на претседателот Барак Обама ја преоценува улогата во блискоисточниот мировен процес по последните потези на Израел и Палестинците што доведоа преговорите да пропаднат.
Кери рече дека постои граница за времето и напорите што САД можат да ги вложат доколку обете страни немаат волја да преземат конструктивни мерки. Американскиот напор не може да биде бескраен, кажа тој.
Палестинците деновиве поднесоа барање до ОН за дополнително признавање, а Израел се откажа од планот да ја ослободи четвртата група на палестински затвореници. И натамошната изградба на израелски населби се одрази на преговорите.
Кери иминативе неколку недели се обидуваше да ги спаси преговорите, со оглед на фактот дека се приближува крајот на деветмесечниот период во кој Израел и Палестинците требаше да постигнат иницијална спогодба.