Менинг бара отфрлање на обвиненијата

Адвокатите на војникот обвинет дека дал тајни информаци на Викиликс, тврдат дека обвинителите не споделиле важни информации.

Адвокатите на Бредли Менинг, американскиот армиски аналитичар обвинет дека дал тајни информации на Интернет-страницата Викиликс, побараа армискиот судија да го отфрли обвинението.

Усните аргументи за барањето на Бредли се закажани за денешниот распит во армиската база Форт Мид во сојузната држава Мериленд. Распитот би требало да трае три дена.

Обвинието против Менинг содржи 22 точки, од кои најсериозната е „помагање на непријателот“. Неговите адвокати тврдат дека обвинителите не ја исполниле обврската да споделат информации што би можеле да бидат од помош на одбраната и дека согласно на тоа процесот треба да биде прекинат. Тие поднесоа жалба и за обвинението „помагање на непријателот“, тврдејќи дека Менинг на дискусиите на Интернет јасно искажал дека нема никаква намера да помогне на непријателите на САД.

Менинг се товари дека дал големо количество на дипломатски телеграми и армиски документи во врска со Ирак, Авганистан и други теми. Доколку биде осуден, може да добие доживотен затвор.