Картер: Изборите во Египет воглавно исправни

Картер: Изборите во Египет воглавно исправни

Поранешниот претседател на САД Џими Картер во Каиро кажа дека волјата на народот била испочитувана

Поранешниот американски претседател Џими Картер вели дека египетската армија треба „комплетно да биде потчинета“ на избраните претставници по транзицијата кон граѓанска влада подоцна годинава.

Тој зборуваше на прес-конференција во Каиро, откако мина неколку дена во мониторингот на третата и последна рунда гласање на изборите во Египет. Тој рече дека имало „нерегуларности“ но оти севкупно, според него, доследно е претставена волјата на народот.

Тој рече дека главниот обвинител примил речиси 900 приговори од Египѓани за процесот на гласање. Меѓу другото, обуката на изборните лица била несоодветна, рече тој, и бил разочаран што малку жени имале шанса да учествуваат во изборите.

Картер рече дека жените треба да имаат многу поголема ролја во идната влада, иако резултатите од гласањето ги окарактеризира како „прифатливи“.